Екатерина Втора
Животот на Екатерина Втора е една неверојатна сага, чија живописна биографија содржи многу интересни детали.
Екатерина Втора е ќерка на осиромашен пруски кнез, која се мажи за идниот руски цар, Петар Трети, но тој повеќе ги сака воените игри отколку својата жена.
Екатерина го запознава Петар кога има 10 години. На свои 15 години добива повик од руската царица Елизабета Петровна, која го превзема рускиот престол 3 години претходно. Немажена и без деца, Елизабета го избира својот внук Петар за нејзин наследник и одлучува да му пронајде сопруга.
„Би го сакала својот сопруг само ако тој би го сакал тоа или кога би бил вреден за љубов. Но, веќе на почетокот на бракот почувствував длабока одбојност кон него.“ Ова се зборови на Екатерина.
Некои историчари веруваат дека Петар не бил способен да го конзумира бракот и дека бил импотентен, додека други сметаат дека бил неплоден. Наводно, бракот е конзумиран осум години по венчавката. Роден е царот Павле за кој се верува дека е син на рускиот офицер Сергеј Салтиков – еден од љубовниците на Екатерина.
Постои сомневање дека Петар не е татко на ниедно од четирите деца кои ги родила Екатерина. Таа не страдала предолго во бртакот со Петар. Кога конечно дошол на престолот, по 6 месеци, починал.
Екатерина Втора е крунисана на 33 години и прогласена за единствена и апсолутна владетелка на Русија. Владеела во следните 34 години, до својата смрт.
Од вторник до петок 22.30