ЕК: С. МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ДА ГИ УДВОЈАТ НАПОРИТЕ ЗА ИЗНАОЃАЊЕ РЕШЕНИЕ!
Има работи за кои не се преговара, порачува денеска премиерот Заев во однос на можноста за постигнување на решение со Бугарија. Премиерот вели дека не го губи оптимизмот дека решение е можно но вели бугарската страна е свесна дека постојат граници на можниот компромис.
И министерот за надворешни работи Бујар Османи потврдува дека земјава сеуште нема решение за спорот со Бугарија.
Потпретедателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски денеска од Студиото 10 на ТВ24 порача дека владата е виновна што во Бугарија постои многу посилен политички консензус за спорот за разлика од земјава.
Портпаролката на комесарот за проширување на Унијата Ана Писонеро денеска за МИА порача дека ЕК не се откажува од почеток на преговорите за Северна Македонија и се надева на компромис меѓу Скопје и Софија. Бугарскиот историчар Стефан Дечев во интервју за Дојче веле пак вели дека во Бугарија се замолчуваат сите кои мислат поинаку од бугарската официјална позиција за историскиот спор со Македонија.

