ЕК: Приватната потрошувачка и инвестициите ќе го забрзаат растот на македонскиот БДП

Растот на БДП на Северна Македонија во следниот период ќе забрза умерено, главно поттикнат од зајакнувањето на приватната потрошувачка и зголемувањето на инвестициите, се наведува во есенската прогноза на Европската комисија за економските перспективи на членките на ЕУ и кандидати за членство за наредните две години.

Во извештајот објавен денеска се посочува дека во првата половина од годината, годишниот раст на БДП на земјава бил ограничен поради ниската надворешна побарувачка, дека вкупната инфлација продолжила да забавува, а базичната инфлациска стапка покажувала знаци на намалување.

ЕК предвидува годинава растот на македонскиот БДП да изнесува 2 проценти, во 2025 година – 2,6, а во 2026 година – 2,9 отсто.

 Влошеното стоковно салдо и намалените дознаки, заедно со зголемувањето на трошоците, веројатно ќе резултира со многу поголем фискален дефицит во 2024 година, отколку што беше предвидено претходно, проценува ЕК.

 Сепак, како резултат на фискалната консолидација, се очекува дефицитот да се намали на три отсто до 2027 година, при што се нагласува дека во 2025 и 2026 година потребите за финансирање ќе бидат особено високи.