ЕК предложи 4-етапен процес за побрза интеграција на Западен Балкан во ЕУ
Брисел има нов план за Западен Балкан ќе го приближува регионот до ЕУ, пред полноправното членство.. Шефицата на Европската Комсија, Фон дер Лајен, денеска на форумот Глобсек во Братислава, порача, дека новиот пристап ќе се заснова на четири столба и дека целта е да се забрза патот кон ЕУ.
- Денеска сакам да презентирам нова иницијатива, тоа е нов план за раст на Западен Балкан. Сакаме уште денес да им донесеме дел од придобивките од членството во ЕУ на луѓето од Западен Балкан. Планот за раст што го предлагаме денес е изграден на четири столба. Прво, за приближување на Западен Балкан до единствениот пазар на ЕУ. Второ, длабока и регионална економска интеграција. Трето, да се разјаснат фундаменталните реформи и четврто да се зголемат претпристапните средства. - изјави Урсула Фон Дер Лајен претседателка на ЕК.
Фон Дер Лајен кажа дека Западен Балкан може да постигне енергетска независност од Русија и поблиско усогласување со Унијата. Нагласи дека на регионот, очајно му се потребни инвестиции и дека треба да има зголемено претпристапно финансирање.
Францускиот претседател Макрон пак кажа дека проширувањето е начин ЕУ да се движи напред и дека треба да се избегнат одредени грешки, од кои првата е да се оддржува сатус- кво состојбата со Западен Балкан.
- Гледаме дека сегашните процедури не функционираат, како што мислевме. Првата грешка е да ја оддржуваме статус кво состојбата со Западен Балкан,Молдавија и останатите - да им даваме надеж и да играме на време. Тоа е огромна грешка и исто така ќе остави простор на оние кои сакаат да ја дестабилизираат Европа. Еден ден ќе се разбудиме наутро и ситуацијата ќе биде многу подраматична и негативна, од тоа што е сега. - изјави Емануел Макрон претседател на Франција.
Втората грешка за Макрон е дека не треба да има проширување, за само да се случи тоа - кажа дека ЕУ не е изградена за да биде проширена само во географска смисла туку и да ја продлабочи интеграцијата. Смета дека треба да има реформа на нејзиното менаџирање, различни формати во кои ќе се знае точно кој е одговорен за различна област, а Западниот Балкан и Молдавија треба да го знаат ова. Треба да се знаат- како што кажа, спецификите на новите земји кои пристапуваати да се поставуваат нови услови во различни области.
Уште еднаш потенцира дека Европската Политичка Зедница, која утре ќе има втор состанок а тој ќе се сретне со лидерите на 46 земји не е замена за ЕУ проширувањето.