ЕК: Најостро ги осудуваме вербалните напади кон дописничката на МИА од Брисел
Foto

ЕК: Најостро ги осудуваме вербалните напади кон дописничката на МИА од Брисел

Секој напад врз новинарите е неприфатлив и треба да биде осуден. Новинарите треба да бидат во можност да ја работат својата работа ослободени од насилство, вознемирување и заплашување, реагира денеска европската комисија во писмено соопштение, по повод вербалните напади и говорот на омраза на социјалните медиуми кон дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска.

Еврокомисијата изразува очекување дека релевантните институции ќе ги истражат сите случаи на физичко и вербално насилство врз новинарите.

Претходно здружението на новинари, самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и советот за етика на медиумите во Македонија најостро реагираа на говорот на омраза и директните закани по живот упатени преку социјалните мрежи до дописничката на МИА од Брисел. Владата исто така излезе со свој став и  ги осуди нападите врз новинарката Милевска и повика МВР и Јавното обвинителство веднаш да постапат за расчистување на случајот.

0 Коментари

Остави коментари