ЕИБ ќе обезбеди 500 милиони евра за обнова на Турција по земјотресот
Европската инвестициска банка привремено ја укина речиси четиригодишната забрана за финансирање во Турција за да обезбеди 500 милиони евра за реконструкција на земјата по земјотресот.
„Заедно со Европската комисија работиме на заеднички сеопфатен пакет, од кои до 500 милиони евра ќе испорача ЕИБ“, најави потпретседателката на банката, Лилијана Павлова.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, говорејќи на Меѓународната донаторска конференција во Брисел, објави дека целиот пакет на Комисијата и ЕИБ за помош на Турција изнесува една милијарда евра. Сите земји од ЕУ, вклучително и Кипар, треба официјално да дадат зелено светло за одобрување на помошта од ЕИБ за Турција.