Ефкоски за ТВ 24: Децата повеќе се заразуваат дома, не во училиштата
Foto

Ефкоски за ТВ 24: Децата повеќе се заразуваат дома, не во училиштата

Доктор Илчо Ефкоски специјалист по медицина на трудот во емисијата 24 анализа истакна дека све во нов период на пандемија и дека имаме динамична пандемија во која постојано нешто ново додаваме и не се согласува со одлуката продолжување на распустот.

- Имаме вакцини, не сме како во периодот од пред две години. Одлуката беше политички изиграна и веројатно заради тоа така одлучи и кризниот штаб. Според мене, веќе имаме широка трансмисија во општеството, децата се заразуваат дома во овој зимски период во незаштитен контакт, не во училиштата. Додека беа со маски во училишта, немаше толку заразувања. Контактните на децата и луѓето ќе го движат пикот. Ова е контактна болест. - рече доктор Ефкоски.

0 Коментари

Остави коментари