Едрењето и наутичкиот туризам како спас за Охридското езеро од загадување

Се поголемиот број на пловни објекти создава се поголем притисок врз Охридското езеро. Односот на моторните пловила и едрилиците во моментов кај овој природен басен е 60 спрема 1.

Како пловила кои спаѓаат во категорија на обновливи извори едрилиците треба да бидат се позастапени се со цел да се спречи загадувањето.Но за тоа е потребна и инфраструктура, обновување на пристаништата, нови сидришта велат едриличарите.

Од Хидробиолошкиот завод велат во последните децении е зголемена употребата на моторни пловила и се повеќе се става во опасност живиот свет во езерото. Горивата,пропелерите моторното масло и бучавата оставаат далекусежни последици врз животинските и растителните езерски видови.Од друга страна употребата на едрилиците се далеку побезболна варијанта.

Заклучокот е дека не постои поеколошка активност на езерото и негова заштита, од пловење со едрилица. Само со едрилици, а исклучувајќи ги постојаните моторни загадувачи кои езерето не може да ги издржи, ќе го зачуваме Охридското езеро велат едриличиарите со тоа што за да заживее овој спорт  мора и државата активно да се вклучи за поддршка и промоција на едриличарството.