Едночасовен протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“
И вечерва граѓанската иницијатива „Сстоп за Вардариште“ ја блокира раскрсницата кај мостот Близнаци во Аеродром во траење од еден час, а во знак на револт протрив палењето на депонијата Вардариште.
Тие и денеска ги повторија барањата за затворање на депонијата, постојан 24 часовен надзор и оградување на критичниот простор. Ако надлежните не ги исполнат барањата, оттаму велат дека ќе ги радикализираат активностите.

