Едно од опожарените возила е на обвинителот Џељал Бајрами кој своевремено беше на високи позиции од ДУИ
Црната хроника се подоминантна и зачестена појава во Македонија - сторителите на дејствијата преку најразлични методи избираат да испратат одредена порака до некој или некого.
Синоќа во Куманово биле опожарени три автомобили, еден деловен објект, односно фотокопирница и фасада од куќа. Едниот автомобил кој беше запален е сопственост на јавниот обвинител, Џелал Бајрами, додека пак фотокопирницата која беше запалена е на член на советот на општина Куманово, Фитор Јакупи.
Јавниот обвинител, Џелал Бајрами во неговото денешно објаснување, по палењето на неговиот автомобил, вели дека не се сомнева во некого но сепак остава и ќе чека надлежните институции да го расветлат случајот.
„Возилото е приватно. Беше паркирано пред дворот од куќата пред влезната врата. Нема друга штета. Возилото е целосно опожарено. Очекувам дека во најскоро време ќе бидат откриени лицето или лицата кои стојат зад настанот.“ - изјави Џелал Бајрами.
Фитор Јакупи кој е советник во Советот на општина Куманово од редовите на ДУИ, во телефонски разговор ни посочи дека и тој како и обвинителот Џелал Бајрами ќе чека институциите да го расветлат случајот.
„Ве известувам дека денеска во раните утрински часови околу 3 часот и 5 минути од „црна рака“ на непознати лица мојата приватна канцеларија во Куманово беше опожарена.“ - Фитор Јакупи, советник во Совет на општина Куманово.
Од Обвинителство информираат дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Куманово извршил увид на локациите каде што се опожарени два автомобили и една деловна просторија, фотокопирница. Дополнуваат дека се преземени сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето на автомобилите и дуќанот.
Според извори од кумановоското обвинителство една од камерите која според локацијата би го снимила палењето на возилото на обвинителот Бајрами, била блокирана непосредно пред опожарувањето и тоа според информациите од теренот била далечински оневозможена да работи.
Ваквите настани, според министерот за европски прашања, се резултат на НАЈАВИТЕ за дестабилизација.
Настанот е регистриран и во МВР. Вакви слични настани претходеа и претходно кога беа палени возила на функционери. Дали ова е дел од сценариото за долгозборуваната дестабилизација на државата или зад истото постојат други мотиви надлежните институции ќе треба да откријат детали што всушност се сакало да се постигне со ваквите потези кои ја пополнуваат црната хроника во македонскиот медиумски етер.