Едните на улица другите на коктел, пензионерите се поделија
Премиерот Димитар Ковачевски, ја искористи паузата во законодавниот дом за да дојде во Клубот на пратеници на средба со Сојузот на пензионери, но не и со тие кои се на улици и протестираат.
Ковачевски рече дека антикризните мерки не се во функција на изборите туку за граѓаните. Од Сојузот на пензионери изразија задоволство од одлуките на премиерот. Велат секогаш може и повеќе но ете и со ова на премиерот се задоволни
Додека едната група на пензионери во друштво на премиерот прославија со заеднички коктел, други и денеска беа на протести.
За следната недела се најавени нови протести на дел од пензинерските здруженија кои веќе неколку месеци бараат линеарно покачување на пензиите и утврдување на минимална пензија.