Една третина од жителите на планетата се во изолација поради коронавирусот
Foto

Една третина од жителите на планетата се во изолација поради коронавирусот

Една третина од жителите на планентата се наоѓаат во изолација поради новиот коронавирус, откако денеска во индија стапи во сила наредбата 1,3 милијарди жители да не ги напуштат своите домови во следните три недели.

По одлуката за карантин која ја донесе индискиот премиер, наранда моди, бројот на луѓе во изолација во светот се искачи на 2,6 милијарди.

A бројот на починати од вирусот ковид-19 продолжува да се зголемуваНиз светот од заразата досега загинаа повеќе од 18.200 лица а 405.000 се заразени од кои половина се од Европа...Шпанија ја надмина Кина во бројот на смртни случаи како резултат на пандемијата на Ковид-19 откако владата објави дека бројот на починати е повеќе од 3000.

Шпанското Министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа регистрирало 738 нови смртни случаи од коронавирус. Вкупниот број случаи на заболени во државата се искачи на 47.610

„Во Мадрид живеат многу луѓе кои имаат повеќе од 70 години. Многумина од нив се сместени во пензионерските домови. Имаме голем проблем и неможеме да го спречиме ширењето на вирусот.“ - изјави Хозе Луис Мартинез Алмеида – градоначалник на Мадрид.

Голем број на градоначалници ширум Италија испратија нова порака до своиет сограѓани да ги почитуваат мерките за изолација.

Коронавирусот стигна и во британското кралско семејство. Британските власти соопштија дека и принцот Чарлс е заразен со новиот коронавирус. Според соопштението кое го испратија од Бакингемската палата, принцот од Велс има благи симптоми и се чувствува добро.

„Војвотката од Корнвол исто така е тестирана, но не и заболена. Според препораките на владата и лекарите, принцот и војвотката се во изолација во Шкотска.“ - се вели во соопштението.

93 годишната кралицата Елизабета Втора, со цел да ја избегне заразата со коронавирусот, неколку дена претходно ја напушти Бакингемската палата.

Коронавирусот забрзано се шири и во САД, особено во во Њујорк, Калифорнија и Вашингтон. Вонредна состојбата веќе е прогласена и во државите Луизијана и Ајова.

А Кинеските власти постепено почнаа да ги укинуваат драстичните ограничувања воведени пред неколку месеци во покраината хубеи, жариштето на пандемијата. Некои аеродроми и железнички станици повторно работат но училиштата се се уште затворени. Жителите на Вухан сепак ќе треба да чекаат до 8 април за да можат да патуваат надвор од градот.

Во последните 24 часа во Кина не е откриен ниту еден случај на локална зараза, но регистрирани се 47 пациенти кои вратиле од странство. Во текот на изминатото деноноќие починале четворица, од кои три во покраината хубеи, каде се наоѓа Вухан, градот каде што прв пат се појави ковид-19.

0 Коментари

Остави коментари