Една третина од граѓаните не веруваат во ниту еден политичар
Институтот за политички истражувања од Скопје денеска излезе со анкета за ставовите на граѓаните за нивната поддршка на политичките партии и политичарите, како и за одредени актуелни прашања во моментов.
Според резултатите од анкетата на прашањето за која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори, 21,2 отсто од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, 16,2 за СДСМ, 7,2 за ДУИ, 3,8 отсто би гласале за Алијанса за Албанците, 2,9 отсто за Левица, 1,5 отсто за Беса и еден процент за Алтернатива.
На прашањето во кој политичар имаат најголема доверба, триесет и два отсто од анкетираните одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, 16, 2 отсто од анкетираните се определиле за Христијан Мицкоски, 8,7 отсто за Димитар Ковачевски, 6,4 отсто за Зоран Заев, 7,3 проценти за Али Ахмети.
Телефонска анкета, како што напоменува ИПИС, е спроведена во периодот помеѓу 4 и 6 мај на примерок од 1111 полнолетни испитаници на ниво на цела држава.