ЕДНА ГОДИНА ОД РЕФЕРЕНДУМОТ –„ЧИН НА ДЕМОКРАТИЈА ИЛИ ПАК ДЕМОКРАТУРА“?

Ги исполни ли референдумот очекувањата на граѓаните. И по една година од неговото одржување власта и опозицијата со спротиставени ставови .Од владејачката СДСМ денеска на прес конференција порачаа оти токму лани ова време како на ниедна друга досегашна политичка програма или избори граѓаните не излегле толку масовно за да дадат подршка. Со тоа велат јасно ги отцртале контурите на својата евроатланска перспектива а денеска земјава како што се пофалија од Бихаќка е на праг да стане членка на НАТО алијансата но и да добие датум за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ пак со спротивен став.

- „Референдумот пропадна и тоа е факт. Евроинтеграциите се уште висат на конец заради лаги, криминал и корупција на државната мафија. Се додека Октоподот е на власт, Македонија нема да исполни едно круцијално прашање, а тоа е борба против криминалот и корупцијата. Со заштита на корупција не се носат храбри, напротив се носат криминални одлуки. И за нив пишува европскиот печат. Во однос на денот, цела година нема никаков резултат по поднесените кривични пријави против Зоран Заев за поткуп во изборни цели и тоа е доказ за состојбите. Барем еден бизнисмен пренел „порака“ дека работниците ќе добијат финансиски бонус ако излезат и гласаат на Референдумот. Заев сам велеше дека директори му тврделе за поткуп со уште една плата ЕКСТРА, за гласање на референдумот.“ - ВМРО-ДПМНЕ.

Исходот од референдумот беше само една најава за она што ќе следува потоа и со што се ќе треба да се соочи актуелната влада . Трката за обезбедување на потребното двотретинско мнозинство гласови беше неизвесна до самиот крај . Премиерот Заев и тогаш тврдеше оти ќе се обиде да ги разубеди пратениците дека се работи за иднината на земјата и дека сега е вистинското прашање да се биде или не , но тврдеше дека нема да има никаков притисок и дека доколку не успее парламентот ќе распише предвремени избори . На крајот Владата стигна до посакуваниот исход . На сметка на тоа опозициската ВМРО ДПМНЕ остана без осумте исклучени пратеници од нивните редови кои пак веднаш потоа формираа Независна пратеничка група . Бојкотот на референдумот пак исто така доведе до делумни несогласувања во редовите на опозициската најголема партија а амнестијата пак за настаните од 27 и натаму остана причина за препукувањата меѓу власта и опозицијата како и тоа дали и колку таа влијаеше кај дел од пратениците кои ги гласаа уставните измени . И по една година од референдумот власта и опозицијата остануваат на различните гледишта околу неговата успешност но и излезеност на граѓаните.