Единаесет жртви во пожар во станбена зграда во Чешка
Foto

Единаесет жртви во пожар во станбена зграда во Чешка

Пожар во 13-катна станбена зграда во чешкиот град Бохумин однесе 11 животи, меѓу кои и на три деца.

Пет лица загинале откако скоканале од прозорците на високите катови на зградата. Најмалку 10 лица се повредени. Пожарот започнал од стан на 11-ти кат од зградата.

Според информациите на чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамшек, пожарникар се здобил со сериозна повреда.

Бохумин се наоѓа во источниот дел на Чешка во близина на границата со Полска.

0 Коментари

Остави коментари