Еден убиен и двајца повредени во напад со нож и чекан во близина на Ајфеловата кула
дно лице загина и двајца се повредени, откако маж со нож и чекан ги нападнал во центарот на Париз, во близина на Ајфеловата кула. Француските власти соопштија дека станува збор за терористички акт и дека напаѓачот е фатен.
Како што пренесе Би-Би-Си, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин потврдил дека жртвата е германски турист кој бил со сопругата кога бил нападнат и смртно избоден со нож. Таа се спасила со помош на таксист кој се нашол во близина, а осомничениот побегнал преку блискиот мост што се протега на реката Сена.
Напаѓачот потоа со чекан нападнал уште две лица пред да биде запрен со електрошок и уапсен.
Како што соопшти Дарманин, осомничениот е 26-годишен француски државјанин кој и е познат на полицијата. Според тврдењата, напаѓачот извикал „Алах Акбар“, а подоцна на полицијата и рекол дека е вознемирен бидејќи „толку многу муслимани умираат во Авганистан и Палестина“.
Осомничениот бил осуден на четири години затвор во 2016 година за планирање напад и бил баран од француските безбедносни служби. Исто така, познато е дека човекот страдал од психијатриски нарушувања, соопшти францускиот министер Дарманин.