Еден и пол милион евра за субвенции за развој на сточарството
Foto

Еден и пол милион евра за субвенции за развој на сточарството

Со цел да се подобрат условите за унапредување на агро – секторот и да се стимулира развојот на сточарството, преку програмата за рурален развој на располагање се ставени нови 1,5 милиони евра. Се работи за субвенции со кои точно се трагетираат земјоделските стопанства во земјава. Фармерите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка трактори преку ипард програмата и националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не можат да аплицираат и за оваа мерка. Максималната вредност на прифатливи трошоци изнесува до шест ипол милиони денари а повратот на средства од 50 до 75 % од вкупната вредност на инвестицијата.

0 Коментари

Остави коментари