Еден дебитант и еден повратник на списокот на селекторот Милевски

Селекторот на најдобрата фудбалска репрезентација Благоја Милевски го објави списокот на репрезентативците за квалификацискиот меч против малта и пријателскиот дуел против Фарски Острови. 

Милевски за првиот квалификациски натпревар во 2023 година одлучи да повика 28 фудбалери.

Црвено жолтите квалификацискиот дуел за пласман на ЕУРО против Малта го играат на 23 март , четири дена подоцна националниот тим на Македонија ќе одигра и пријателски натпревар против Фарски Острови.