ЕЧЕА ,,БОМБИ“ НА СУДЕЊЕТО ЗА ,,МОНСТРУМ“ – СЕ СЛУШААТ ГЛАСОВИ НА ПОРАНЕШНИ ФУНКЦИОНЕРИ
Foto

ЕЧЕА ,,БОМБИ“ НА СУДЕЊЕТО ЗА ,,МОНСТРУМ“ – СЕ СЛУШААТ ГЛАСОВИ НА ПОРАНЕШНИ ФУНКЦИОНЕРИ

25 нови „бомби“ и повеќе од 130 илјади смс пораки и транскрипти, донесе денеска обвинителката Фатиме Фетаи на рочиштето за предметот Монструм. Со овластување од Љубомир Јовески кој неа и на нејзиниот колега Гаврил Бубевски повторно им го даде во надлежност истиот предмет иако веќе не се специјални обвинители, судиите конкстратираа дека судењето може да продолжи. 

Околу 4 часа се слушаа телефонски разговори меѓу поранешни функционери од власта, новинари и бизнисмени. Родните на убиените момчиња во полна судница првпат слушнаа дел од бомбите кои од  2015-та им ги ветуваше тогашниот опиозиционер Зоран Заев. 

Разговор Миле Јанакиевски и Кире Бошков:

- К.Б.: ,,Да не има информација нешто во врска со убиството на децата“, 

- М.Ј „Рафално се убиени и во глава се пукани, многу грозно. Децава не биле криминалци, туку мирни деца, а овој стариот бил убиен најверојатно ради сведок“

Од снимките се дознава и дека тогашниот министер зa правда Блерим Беџити не сакал да ја потпише екстрадиицјата за  обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои беа уапсени во Косово, па му се правел притисок. 

Разговор Блерим Беџети и Гордана Јанкуловска:

- Б.Б: Утре предметот ќе го испратам во Приштина. 

- Г.Ј: „Одлично Блерим, битно е да се испрати. Со датумот за екстрадиција потоа може да се менаџира“ 

- Б. Б.: „Само, те молам, тоа да биде без медиумска помпа и пред избори види да нема судско рочиште“

- Г. Ј.: „Нема проблем, ако не сакате ништо нема да има пред избори“. 

Во еден од разговорите, Беџети ургира кај Јанкуловска и за прекин на казната на еден од обвинетите како помагач во Монструм, бидејќи бил тешко болен.  Во судница  одекна и гласот на Катерина Најдова, гатачката на екс премиерот Никола Греувски, која претпоставува дека во случајот вмешани се луѓе во униформи.Во останатите разговори се слушнаа и гласовите на Груевски, и неговата мајка, Миле Јанкиевски, Мартин Протуѓер, Митко Чавков, Љупчо Тодоровски, Иво Котевки, Муса Џафери, Драган Павловиќ Латас, Оливера Трајковска, Орце Камчев. 

Родителите на убиените момчиња не зборуваа, во нивно име коментираше адвокатката кој ги затапува нив. Изрази револт за начинот на кои власта се мешала во судските активности, но сепак, вели денеска не слушнала ништо суштинско. 

- „Ние долго ги очекувавме овие бомби, затоа што беа долго најавувани како БУМ, но за овие четири часа како што видовте и вие, не знам дали имаше таков БУМ, затоа што нешто суштинско нема во бомбите. Највеќе ми падна во очи и ми падна тешко како власта влијае дали да се одржуваат рочиштата да не се одржуваат, навистина е жално како власта има влијание врз судството, овие родители позади мене доаѓаат секој ден и очекуваат нешто сериозно, очекуваат правна држава.“ - Дафинка Иванова Китановска – правен застапник на родителите на убиените момчиња на Смилковско Езеро.

Обвинителката Фатиме Фетаи, која не сакаше да одговара  новинарски прашања, само кусо порача дека за овој случај потребно е трпение. 

- „Слушнавте и самите...Меѓутоа, детална анализа на доказите поединечно или во една целина ќе ги кажам на мојот завршен збор. - Фатиме Фетаи.

Останатите 130 илјади транскрипти не беа презентирани, дадено е време да се разгледаат па да се одлучи кои од нив се поврзани со Монструм и кои ќе се презентираат во судница. Родителите на убиените момчиња, изразија револт од текот на судската постапка и фактот дека двајцата обвинети кои се во Косово се уште не се екстрадирани. Од министерството за правда тврдат дека неколкупати испратиле ургенција за потсетување до косовските власти, но не добиле повратен одговор.

0 Коментари

Остави коментари