ДЗСИ спроведе вонреден инспекциски надзор во ОБ Куманово и кај матичниот гинеколог на починатата родилка
Државниот здравствен инспекторат изврши контрола кај матичниот гинеколог на 31 годишната родилка која во петокот почина за време на породување во кумановската болница. Како што инфомираат оттаму, од увидот во медицинската евиденција и документација каде починатата родилка била прикрепена како матичен пациент, е констатирано дека станува збор за втора уредно контролирана бременост на здрава трудница.
Биле редовно вршени прегледи при што немало отстапување од нормалните параметри. Од инспекторатот исто така велат дека податоци за причината за смртта дополнително треба да се добијат и од судско медицинската обдукција како и од комисијата за стручен надзор која ја формираше министерството за здравство, а која треба да провери дали имало пропусти во третманот и начинот на лекување на починатата родилка.