ДЗС: За објектот кој служел како дискотека во Кочани никогаш не е побаран елаборат за противпожарна безбедност

Објектот кој служел како дискотека во Кочани е изграден пред 26 години а легализиран е во 2005 година, но никогаш не побарал елаборат за противпожарна безбедност, велат од Дирекцијата за заштита и спасување. Се уште се утврдува дали воопшто легално се пренаменил во објект кој може да организира забави за голем број луѓе, информираат од ДЗС.