ДЗС: Уште два дена попис, попишани 1.619.857 лица во земјава

Наместо на куќа, попишувачите наидуваат на цели згради. Бетонизацијата им ја отежнува работата. На два дена пред крајот на рокот за пописот од Државниот завод за статистика велат на терен операцијата тече успешно. 

Стравот од казни поради непопишување ги натерало дел од граѓаните да се попишат. Пред дел од  пунктовите, денеска  одзивот е мал. Граѓаните кои ги затекнавме се пожалија дека реонски попишувачи досега не ги посетиле. 

До денес попишани се вкупно 1.725.330 граѓани. Од стастистика не откриваат дали ќе има пролонгирање на рокот поради неколку дневниот прекин на статистичката операција. Доколку дојде до тоа ќе мора претходно да  има законски измени во Собранието.