ДЗС: Досега попишани 1.813.153 лица во земјава

Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.813.153 лица, 562.110 домаќинства и 822.575 станови, соопшти Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 203.144 граѓани од дијаспората. Најмногу попишани граѓани од странство има во Швајцарција – 64.806, Германија – 46.161 и Италија – 28.265.

Денеска е последниот, 26-ти ден од Пописот 2021.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика.