ДЗС демантира дека може да се самопопишат лица кои се откажале од македонско дрѓавјанство
Еевиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171.620 македонски државјани кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес, на 1 март, до денес, соопшти Државниот завод за статистика.
Информира дека само во последното деноноќие се попишани 11.101 лице.
Во Швајцарија се попишани над 56 илјади лица, во германија близу 40 илјади и италија над 27 илјади лица.
Во Албанија пак, се самопопишале само 342 лица со македонско државјанство.
Неколку земји се издвојуваат по бројот на самопопишани лица и тоа на врвот на листата и натаму е швајцарија со 56.146 македонски државјани кои ги впишале своите податоци за пописот, потоа следува Германија со 39.167 лица и Италија со 27.402 македонски државјани.
Државниот завод за статистика ги демантира информациите што се појавија во јавноста дека постои можност да се самопопишат и лица кои се откажале од македонското државјанство.

