ДЗС: 90.000 работници во Македонија се водат како невработени, на црно работат 100.000

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Македонија се водат како невработени. Државниот завод за статистика објави дека невработеноста за една година се намалила за 1,5 проценти. Но сепак и натаму стапката на невработеност во земјава е далеку повисока од  земјите од Европската унија и изнесува 11,3 проценти. Тоа што најмногу загрижува од податоците на државните статистичари се 100те илјади работници за кои се верува дека работат на црно, односно се дел од сивата економија.

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА: „Во второто тримесечје од 2026 година бројот на неформално вработените изнесува 101 022 лица, што претставува зголемување од 7.2 % во однос на претходното тримесечје. Порастот во најголема мера произлегува од зголемениот број неформално вработени во дејноста земјоделство, шумарство и рибарство, каде се евидентирани 51 487 лица, или 51.0 % од вкупната неформална вработеност. Во градежништвото се концентрирани дополнителни 17.2 % од неформално вработените. Ваквата структура укажува дека сезонските активности во овие две дејности имаат клучно влијание врз кварталните движења на неформалната вработеност. “

Ваквите податоци економистите ги објаснуваат преку неколку факти. Тоа што на пазарот на труд во секој момент има над 10 илјади слободни работни места а има над 90 илјади невработени и 100 илјади работници кои се дел од сивата економија е показател за структурните слабости на македонската економија. Најголем дел од овие работници или се со несоодветно образование, потребна им е доквалифилација и обука за технолошко напредни индустрии, но и секако желбата и мотивацијата на самите работници да напредуваат во професијата.