ДЗР: ЈП национални шуми со дупка од половина милион евра од пред 2018, вработените во канделарии, преторијатието со долгови

Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ се соочува со сериозни финансиски тешкотии, намалена ликвидност и ризици за одржливоста на работењето е констатацијата на ревизорите.

Со долг од 17,5 милиони евра кон државата, а не може да наплати од државата 2,6 милиони за учеството во акцијата „Ден на дрвото“ како и 590.000 евра кусоци кои ги направиле вработените во годините пред 2018 година. 

- На крајот на 2023 година, јавното претпријатие има искажано обврски спрема Буџетот на државата за проширена репродукција во износ од 450.844 илјади денари, односно 7.307.000 евра, додека за проста репродукција не е отворена посебна сметка и не се уплатени средствата во износ од 250.186 илјади денари, односно 4.055.000 евра. Истовремено, претпријатието побарува 164.275 илјади денари од државата односно 2.662.000 евра по основ по основ на учество во акцијата „Ден на дрвото“.  

Ревизијата утврдила неправилности во однос договорите за работа, од вкупно 355 вработени на неопределено време, 73% или 259 вработени кои се примени на работни места сечачи, дотурачи, редачи и шумски работници, наместо на терен седеле во канцеларија и вршеле административни задачи ви дирекција или подружница.

- Исто така, 7 пластеници со вредност од 12.785 илјади денари, иако се во употреба од 2004 година, погрешно се водат како средства во подготовка, без да се пресметува амортизација, додека набавениот тресет во вредност од 1.452 илјади денари се класифицира како инвестиција наместо како залиха, што е спротивно на сметководствените начела и стандарди. 

Ревизијата извести и за недоволна заштита на шумите и системските слабости во справување со ризиците од болести, пожари и бесправна сеча, делумна реализација и ограничена ефикасност во користењето на средствата од Програмата за проширена репродукција на шумите за 2023 година. Консатирано е кршење на законзаконски и во инвестициите за кои се потрошени многу пари. За дел од нив не се пресметувала ниту амортизација, а дел завршиле во приватна сопственост без да има трага за водење на некаква постапка за нивна продажба.