ДЗР: Јавниот долг го достигна нивото од 60 отсто од БДП

Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај од извршената ревизија на успешност - управување на јавниот долг-задолжување на македонија.

Ревизијата е извршена согласно годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2020 година и го опфаќа периодот 2015 – 2020 иако одредени области, прашања и настани се опфатени пред 2015 година. Во услови на ковид-пандемијата постигнат е лимитот на јавниот долг од 60 отсто од бдп и долгот е зголемен за 15 процентни поени.

Во Македонија и други држави во меѓународни рамки како одговор на здравствено-економската криза не секогаш е обезбедено почитување на фискалните правила за управување со јавен долг и дефицит и има зголемување на нивото на јавниот долг, наведува државниот завод за ревизија.