Џовани: Македонија треба да подобри уште многу сегменти во сликата против дискриминација на децата

Да создадеме општество без дискриминација – за секое дете, е апелот на претставничката од УНИЦЕФ во Македонија Патриција Ди Џовани на Меѓународниот ден за правата на децата на недискриминација.

Според неа секое дете има право на достоинствено детство, почит и вреднување. Неправичниот третман и дискриминација на децата врз основа на социјалниот статус на нивните семејства, способноста, етничкото потекло, јазикот што го зборуваат, пол, религија или врз друга основа, го оневозможуваат нивниот развој и напредок, додава Ди Џовани.

Патриција Ди Џовани – Претставничка на УНИЦЕФ во Македонија

„Во најновите Заклучни согледувања за напредокот на Северна Македонија во остварувањето на детските права, Комитетот за правата на детето го поздравува донесувањето закони и стратегии за заштита на децата од дискриминација. Меѓутоа сериозно сме загрижени во однос на стереотипите и социјалните норми поради кои опстојува дискриминацијата врз децата, особено дискриминацијата врз децата Роми и децата со попреченост детските права се исти за сите. Децата од сиромашни семејства често се соочуваат со дискриминација за основни услуги во општеството, а секое трето дете во Македонија е во ризик од сиромаштија.“

Лани според годишниот извештај на народниот правобранител биле регистрирани вкупно 3209 предмета од кои најмногу се однесувале за праваТА на детето. Заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафова за телевизија 24 вели дека за овие осум месеци од 2023 година до нив има повеќе од 130 ПРИСТИГНАТИ ПРЕТСТАВКИ за повреда на правата на децата во различни области.

Во 1993 – та Македонија ја ратификува Конвенцијата за правата на детето, откако земјата стекна независност, во моментот, повеќе од кога било претходно, сме посветени за поддршка на партнерите во нивните заложби за создавање помирно, просперитетно и правично општество - општество без дискриминација потенцира Ди Џовани.