Џорџ Расел ќе го замени Хамилтон во Мерцедес на трката за ГН на Сахир
Foto

Џорџ Расел ќе го замени Хамилтон во Мерцедес на трката за ГН на Сахир

Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, ќе вози за Мерцедес на трката за Големата награда на Сахир во Бахреин.

Расел ќе го замени седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој е позитивен на коронавирус.

Трката ќе се вози в недела на 6 декември.

Расел од 2016 до 2018 година беше дел од програмата на Мерцедес за млади возачи.

0 Коментари

Остави коментари