Џо Бајден го престави тимот за комуникации
Foto

Џо Бајден го престави тимот за комуникации

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден го престави тимот за комуникации во Белата куќа кој за парв пат ќе биде составен целосно од жени.

Поранешната портпаролка на барак обама, Џен Псаки, е назначена за шеф на одделот за односи со медиумите во белата куќа додека пак портпаролката на негоцвта изборна кампања, Кејт Бедингфилд, ќе биде нов директор за комуникации. Уште неколку други советнички во кампањата, исто така, ќе добијат високи позиции во тимот за комуникации. 

„Горд сум што објавувам дека првпат клучниот тим за односи со медиумите во Белата куќа ќе се состои единствено од жени. Директната и искрена комуникација со американскиот народ е една од најважните должности на претседателот, а на овој тим ќе му биде доверена огромната одговорност на поврзувањето на американскиот народ со Белата куќа.“ - изјави Бајден.

Идната потпретседателка на САД Камала Харис официјално ќе биде претставувана од Симон Сандерс и Ешли Етјен. Претходно, двете беа високи советници во кампањата на Бајден. Своја улога во тимот на Бајден за односи со јавноста ќе има и Првата дама на САД, Џил Бајден.

А во првото интервју кое го даде после изборите на 3-ти ноемвери, Доналд Трамп ги повтори обвинувањата за изборни измами. Во телефонски разговор за Фокс бизнис њуз, актуелниот американски претседател изрази сомнеж дека Врховниот суд ќе ги разгледа сите жалби кои ги поднел неговиот тим. Сите жалби кои ги поднесе досега неговиот тим беа одбиени поради недостиг на докази.

0 Коментари

Остави коментари