Џигал за 24 анализа: Говорот на омраза прави голема штета на општеството
Foto

Џигал за 24 анализа: Говорот на омраза прави голема штета на општеството

Комуникологот Сеад Џигал во 24 анализа рече дека говорот на омраза е дел од културата на комуницирањето и се однесува на актуелните настани. Никој на политичките партии не им го одзема правото да ги коментираат актуелните настани од јавен интерес од своја гледна точка.

„Најчесто тие коментари се еднострани. Она што во онекои ситуации ја преминува црвената линија се јавните настапи на функционерите не смее да ги зголемува тензиите. Секој јавен настап или коментар ако ја зголемува тензичноста, дополнително ги вознемирува граѓаните.“ - рече Џигал.

Тој рече дека треба да се одбегнуваат квалификации низ призма на некој вид на негативно квалификување на учесниците во настапите. Тоа е црвената линија. Јавните функционери и нивните претставници мора да вложат напори во нивните јавни настапи да ја смируваат тензијата во тензични ситуации, рече Џигал.

Тој порачува дека негативната комуникација прават штета на општеството. Негативните последици се долгорочни. Проблемот со социјалните мрежи е што се што се објавува е дел од јавната комуникација и не е доволно изолирани и лесно се пренесува на сите медиуми. Отсуствува поголема свест за јавно искажаниот говор. Нема филтри како порано и често се случува новинарите да бараат провокативни содржини и тоа лесно може да предизвика негативни последици, потенцираше Џигал.

„За жал говорот на омраза и се охрабрува и со интернетот се развива еден вид на политики на омраза.“ - рече Џигал.

0 Коментари

Остави коментари