Џејсон Тејтум е најмладиот играч во историјата на Бостон кој постигнал над 50 поени на еден меч
Foto

Џејсон Тејтум е најмладиот играч во историјата на Бостон кој постигнал над 50 поени на еден меч

Кошаркарот на Бостон, Џејсон Тејтум ноќеска постави клупски рекорд на натпревар од регуларниот дел од сезоната против Минесота.

Селтикс победија по продолжение со 145:136.

Кошаркарот средбата ја заврши со 53. Дваесет и тригодишниот Американец е најмладиот играч во историјата на Бостон кој постигнал 50 или повеќе поени на еден меч.

Воедно, Тејтум постави личен рекорд во својата кариера.

Во сезоната 2020/21, тој има просек од 25,1 поен, 7,0 скока и 4,3 асистенции по натпревар.

0 Коментари

Остави коментари