Џејмс Матис ја потпиша наредбата за повлекување на американските војници од Сирија
Foto

Џејмс Матис ја потпиша наредбата за повлекување на американските војници од Сирија

Американскиот министер за одбрана во заминување Џејмс Матис ја потпишал наредбата за повлекување на силите на САД од Сирија, соопшти портпаролот на Пентагон. Потпишувањето на наредбата доаѓа откако вчера американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Матис ќе биде заменет два месеци порано од очекуваното. Во средата Трамп соопшти дека ја повлекува војската од Сирија поради високата цена која се плаќа со животите на војниците, но и финансиските средства кои ги даваат даночните обврзници.

Трамп го менува Матис два месеца порано поради писмото со оставка, во кое ја критикува надворешната политика на САД по одлуките на пртседателот, а кое доби голема популарност во јавноста, сметаат американските медиуми.

Иако Матис поднесе оставка на ден откако Трамп го соопшти својот план за повлекувањен на 5 илјади војници од Сирија, сепак денеска ја потпиша наредбата. Шефот на Пентагон требаше да ја извршува функцијата до крајот на февруари, а Трамп вчера објави дека на местото на Матис доаѓа Патрик Шенахен, кој ја презема должноста од Матис на 1 јануари.

 

0 Коментари

Остави коментари