Џејмс Харден со „трипл-дабл“, Хјустон поведе со 2:0 против Јута
Foto

Џејмс Харден со „трипл-дабл“, Хјустон поведе со 2:0 против Јута

Тимот на Хјустон Рокетс го зголеми водството против Јута Џез откако го освоија вториот натпревар од серијата со 118: 98. Одлучувачка во натпреварот беше првата четвртина, која ја освоија „ракетите“ со 39:19.

Најзаслужен за победата беше Џејмс Харден, откако забележа „трипл-дабл“ – 32 поени, 13 скока и 10 асистенции. Крис Пол додаде 17 поени.

За „џезерите“, двајца играчи реализираа „дабл-дабл“ – Дерик Фејверс (14 поени и 12 скока) и Руди Гобер (11 поени и 12 скока).

Хјустон го освои првиот натпревар со 122:90 и веќе води во серијата со 2:0. Следниот натпревар од првиот круг на плејофот ќе се одигра во Солт Лејк Сити.

Милвоки Бакс го совлада Детроит Пистонс со 120:99 на свој терен и исто така поведе со 2:0 во својата серија. Клучен излезе третиот дел, кој „елените“ го добија со 35:17. Ерик Бледоус постигна 27 поени за домаќините, а Јанис Адетокумбо постигна 26 поени и 12 скокови. Третиот натпревар од серијата ќе се одржи во Детроит.

Бостон Селтикс ја совлада Индијана Пејсерс со 99:91 дома, благодарение на силната игра во последната четвртина, која домаќините ја добија со 19 поени. Ѕвездата на „келтите“, Кајри Ирвинг има 37 поени, 6 скока и 7 асистенции.

Селтикс води во серијата со 2:0, а следниот натпревар ќе се одигра во Индијанаполис.

Резултати од НБА плејофот:

Источна конференција:

Бостон – Индијана 99:91

*Бостон води со 2:0 во серијата

Милвоки – Детроит 120:99

*Милвоки води со 2:0 во серијата

Западна конференција:

Хјустон – Јута 118:98

*Хјустон води со 2:0 во серијата.

0 Коментари

Остави коментари