Џеф Кабили специјалист за ефективна невербална комуникација

Како да се користи ефективната невербална комуникација во интервјуата за работа, бизнис преговорите и презентирањето бизнис идеи, но и кај политичарите кои често имаат јавни настапи..

Говорот на телото, движењата и гестикулациите, тоналитетот на гласот, контакт со очите и тишината како алатка, е еден од најбитните сегменти на успешноста, вели професорот Џеф Кабили, предавач на американскиот стенфорд континуинг стадис, кој денеска одржа предавање пред студенти на интернационалниот Славјански универзитет во Свети Николе.