Џафери за тв 24: Дадов насоки да се подготви седница за утре, ако Заев има мандат, значи има и мнозинство
Foto

Џафери за тв 24: Дадов насоки да се подготви седница за утре, ако Заев има мандат, значи има и мнозинство

Дадов насоки да се подготви продолување на конститутивната седница за утре за да се избере претседател на Собранието вели за тв 24 претседавачот на собраниската седница Џафери.

Џафери тврди дека фактот што утре Пендаровски ќе го додели мандатот на Заев значи дека Заев има мнозинство.

„Од медиумите дознав дека Пендаровски ќе му го додели мандатот на Заев, што според уставот значи дека Заев има мнозинство и дека е подготвен за избор на претседател на собранието со што ќе заврши и официјално конститутивната седница и собранието ќе биде конституирано. Затоа им дадов насоки на собраниските служби за утре да подготват продолжение на конститутивната седница - изјави за тв 24 Џафери.

Според информациите на тв 24 за ова се информирани дел од кординаторите. Најавата на Џафери за продолжување на собраниската седница доаѓа по целодневните препирики на релација Џафери - Пендаровски и обратно, дали собранието е конституирано и дали Пендаровски има уставна можност да го даде мандатот.

0 Коментари

Остави коментари