Џафери, власта и опозицијата молчат зошто го прекршија договорот со Левица

Крим техника од МВР веќе направила увид по вчерашните случувања  во собранието откако пратениците на Левица кршеа монитори и фрлаа хартии по потпретседателот Мисовски поради негодувањата за амандманите кои се однесуваа на измените на деловникот.

Од собраниските служби денеска кратко информираа:

- Увидот од страна на МВР е завршен. Во моментов се врши проценка од страна на собраниска комисија, осигурителна компанија и од Бирото за судски вештачења. После тоа ќе знаеме точно за висината на штетата.

Од Левица и денеска преку пресконференција за медиумите посочија дека партијата ќе ја плати направената штета но прашуваат кој ќе ја плати штетата што изминативе години им ја нанела  како што велат  влада на граѓаните и како ќе ги врати изгубените животи во модуларната болница.

Вчерашните случувања во собрание предизвикаа и рекации кај партиите од власта и опозицијата откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска обвини дека ова е оркестриран договор помеѓу Левица и владината коалиција.

- Чудна работа, секогаш кога рејтингот на Левица е во пад, како што е во моментов, на сите последни анкети, тогаш се договараат сценарија, заедно со ДУИ и СДС, меѓусебно да си помогнат, бидејќи тоа им одговара на сите страни. - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Веројатно Апасиев, утре ќе скока и ќе прават сцени, за да бидат забележани, за политички поени, за тоа дека не им се допаѓала фарбата на собраниските зидови, додека молчеше за францускиот предлог и за случајот онкологија во Собранието.

Од СДСМ пак и денеска велат дека за инцидентот кој вчера се случи одговорни биле Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

- Дивеењето на Левица во Собранието е потврда на она што го говориме цело време. Со Левица и нивниот коалициски партнер ДПМНЕ можни се само инциденти, насилства и хаос. Односот на Левица и ДПМНЕ кон Собранието е однос кон државата, однос кон граѓаните. За дивеењето мора да им одговорност од пратениците на Левица. - велат од СДСМ.

Според информации од дел пратеници од власта, иницијалната каписла за индиентот дошла откако најпрво спикерот Талат Џафери го прифатил првично барањето на Левица да не се ограничува филипбастерингот, за потоа власта премолчано во петокот со амандмани  да  го врати стариот текст, на што Левица поднела илјадници амандмани.

Џафери, но и од валста и од опзоцвијата решија да молчат зошто го прекршиле договорот . Неофицијално, нивната приказна е дека пред тие да ја ограничат повторно блокадата, дошла по амандманите на Левица.