Џафери тврди изборот на неговиот баџанак во Антикорупциска е неспоредлив со баџанаците на функции во минатото
Foto

Џафери тврди изборот на неговиот баџанак во Антикорупциска е неспоредлив со баџанаците на функции во минатото

Талат Џафери – Како вашиот колега влезе во тој состав на Антикорупциска комисија? 

Ова е одговорот на првиот човек на Собранието на прашањето како неговиот баџанак Нури Бајрами стана член на Антикорупциската комисија. Талат Џафери тврди дека немал никакво влијание, а на крај гласал за цел состав на Kомисијата, а не за поединци. 

Новинарско прашање: Само да ве потсетам дека и во минатото имало „среќни“ баџанаци кои добиваа клучни улоги во борбата со корупцијата и криминалот ете на пример Мијалков со баџанакот обвинител. Може ли да не удостоите со поопширен одговор?

„Да за разлика од претходно Собранието и не само тоа било вклучено во процедурата за избор. Во овој процес беа вклучени претставниците на невладините, на народниот правобранител и во процесот на испитување на кандидатие беа вклучени претставниците од МАНУ, од медиумите.“ - изјави Џафери.

Сопругите на Џафери и Бајрами се сестри. Новиот член кој ќе треба да се спротивстави на корупцијата и да открива судир на интереси во институциите доаѓа од работно место правник во општина Гостивар. Бајрами ветува дека ќе се бори против корупцијата, дури и ако во негови раце падне и предмет поврзан со неговиот баџанак. 

„Не сум во роднинска врска, сватовство до втор степен се други роднини... Никој нема шанса ни да се осудува да ми се обрати за тоа , оти нема да подлегнам нема да работам пристраство.“  изјави. 

Комисијата која ги бодуваше кандидатите и го вршеше изборот немала информации за двајцата баџанаци. 

„Ние ја ценевме неговата стручност и неговиот настап.“ - изјави Мухамед Зекири. 

Првата антикорупционерка Билјана Ивановска која доаѓа од фелата на ревизорите ветува силна и транспарентна борба со корупцијата. 

„Оваа комисија којашто е составена од професионалци ќе застане на браникот на јавниот интерес“  изјави Билјана Ивановска – претседател на антикорупциска. 

Прва работа за која ќе ги засукаат ракавите се претседателските избори. Новите седуммина членови беа изгласани со 65 гласа ЗА, 10 ПРОТИВ. Парламентарците на Христијан Мицкоски гласаа воздржано поради сомнеж за несоодветно бодување на кандидатите.

0 Коментари

Остави коментари