Џафери: Очекувам во 2027 година од Гостивар за Кичево да возиме по нов автопат
Плодните ниви на жителите на гостиварските села Горна и Долна Бањица ќе станат камп за градежните работи на Бехтел и Енка. Жителите не успеаа да си го зачуваат дедовиот имот кој за повеќето од нив значеше егзистенција.
Градежната механизација од денеска е на нивните ниви, иако пред една недела тие се посеани и беа подготвени за одгледување на земјоделски производи и оваа година, но тоа повеќе нема да се случува. Техничкиот премиер Талат Џафери во друштво со министерот за транспорт Благој Бочварски и директорот на државните патишта Ејуп Рустеми од гостиварско потврдија дека градежните работи на патниот правец Гостивар Букојчани започнаа.
„Очекувам на крајот на 2027 година да биде моментумот кога од тука или од друго место ќе бидеме на чинот на отворање на проектот. Како што знаете, делницата опфака делницата Тетово - Гостивар - Кичево Требеница Ќафасан, од друга страна во Албанија веќе се работи делницата од Елнасан до границата.“ - рече Џафери.
По неколку средби помеѓу жителите на Горна и Долна Бањица со претствници на владата не се најде соодветно решение за жителите. Планот на мештаните беше кампот да биде сместен во воена касарна која не се користи од времето на Југославија, но надлежните тоа го одбија со образложение дека тој простор е мног далеку и тоа ќе ги пролонгира градежните работи на автопатската делница.
Жителите на ова село денеска не сакаа да коментираат јавно, но сега не ги отфрлаат плановите за нови протести во периодот што следи. Ова е прв пат јавноста да види дека нешто конкретно се работи од страна на американско турската компанија која треба да гради четири авртопати низ Македонија. Досега од владата на сметката на оваа станска фирма и се префрлени речиси 250 милиони евра.