Џафери: Не знам кој пратеник бил осуден за силување
Foto

Џафери: Не знам кој пратеник бил осуден за силување

Собранискиот спикер Талат Џафери вели дека Собранието нема надлежност да истражува дали некој пратеник бил осуден за кривично дело. Џафери денеска на брифинг со новинарите објасни дека ДИК преку проверката на пратеничките листи пред изборите ги проверила пратениците и потврдила дека нема осудени лица.

„Собранието нема истражни и судски надлежности за да произлезе обврска на парламентот да истражува такви работи. Во ДИК преку процедура сите пратеници мора да потврдат дека немаат такви дела од соодветните судски инстанци, не верувам дека постои некој суд во државата кој ќе даде потврда дека не е осудуван некој – рече Џафери.

Инаку, Антонио Милошоски неодамна рече дека има колега пратеник кој извршил силување на жена, а за тоа одлежал и казна.

0 Коментари

Остави коментари