Џафери не даде зелено светло за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум
Џафери не даде зелено светло за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум. Ставот од кабинетот по целодневни консултации на собранискиот спикер, доцна попладнево го изнесоа во кој се наведува:
- Иако на маса беа и двете сценарија првото со кое се отценува како уредна и се дава на матичните комисии кои имаат два дена рок да се произнесат а потоа во рок од 3 дена, Џафери да го извести предлагачот во случајот ВМРО-ДПМНЕ, и второ сценаријо пак доколку е не уредна се дава на пленумот на следната прва закажана седница.
И двете сценарија беа очекувани за партиите откако и вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека се спремни и за корекции доколку тоа е потребно. А на истиот став остануваат и денеска:
- Тоа што бегаат од соочување со народот свесни се за две работи. Прва знаат дека ке има излезност, второ знаат дека народот е против договорот кој е извор на асимилацијата која СДС и Ковацевски ја спроведуваат. Талат Џафери наместо чувар на Уставот стана шампион во кршење на Уставот.
И од СДСМ Остануваат на ставот дека референдум не е потребен. Дека ќе го поддржат референдумот се изјаснија и Левица кои пак посочија дека прашањето можело и поинаку да биде формулирано а најавија и предреферендумска кампања.
- Штетниот Договор со Бугарија, кој директно задира во македонскиот јазик и идентитет, може да биде суспендиран со просто мнозинство во Собранието! Оттука, неговото целосно укинување за нас е прашање на принцип и највисок јавен интерес, и ова ќе биде наш услов за евентуална поддршка на идната Влада, по следните парламентарни избори - без оглед дали тие ќе бидат редовни или вонредни.
И додека цел ден помина во знакот на игри на нерви - коалициските партнери во власта успејаа за сега да го избегнат прашањето - доколу се спроведеше референдумот како ќе постапеа и дали ќе го бојкотираа или ќе гласаа против.