Џафери на инвестициски самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој

Шефовите на влади од државите од Западен Балкан ги претставија можности за водење бизнис пред потенцијални инвеститори од светот. Овој инвестициски самит се одржува во седиштето на Европската банка за обнова и развој во Лондон.

Најголемиот дел од инвеститорите кои се заинтересирани за вложување на својот капитал во некоја од државите од регионот се од енергетскиот сектор, телекомуникациите, воведувањето на нова технологија.

- Потребни ни се дополнителни закони во рамката на законодавството на ЕУ. Ние ќе ги усвоиме тие закони во Северна Македонија. Овој закон треба да бидат изгласан на пленарна седница на парламентот. Се работи за закон за алтернативни инвестициски фондови со кој ќе се регулира можноста за инвестирање од страна на фондови кои ги споменавте. - изјави Џафери.

И останатите премиерите на држави не ги штедеа пофалните зборови за своите држави.

- За инвеститорите е важно кога ќе дојдат во регионот да не доаѓаат во една држава, на мал пазар со свои специфичности, туку да дојдат во многу поголем простор каде можностите се потпираат многу повеќе на бројки, а не по некој милион ваму или таму. Затоа инфраструктурните инвестиции се многу важни. - изјави Еди Рама премиер на Албанија.

- Како влади, треба да покажеме ефикасност на владата, достапност на владата, во смисла владата да им е достапна на своите граѓани и странските инвеститори буквално 24 часа, 7 дена во неделата, 365 дена годишно. - изјави Ана Брнабиќ премиер на Србија.

- Новата правна рамка за инвестициски фондови на Косово со партнерство на усаид верувам дека ни требаат подлабоки пазари како и образование на инвеститорите. Јавните претпријатија како и претпријатијата и имотот на агенцијата за приватизација на Косово, за да ги реструктуираме, да ги направиме оперативни и профитабилни, и овозможиме на јавноста да купува акции. - изјави Албин Курти премиер на Косово.

Од ЕБОР се децидни, за да се заинтересира одреден инвеститор да вложува во државо која е во развој ќе мора да се осигура дека има поволни услови за работа, и стабилна макроекономска политика во државата.

- Се што слушнавме за микрофинансиската стабилност е многу важно бидејќи тоа е темелот за странски инвестиции. Странските инвеститори не сакаат да инвестираат во земја која е во финансиска криза или со криза на одржливост. - ОДИЛЕ РЕНАУД -БАСО.

Пораката од Вархеј до лидерите од регионот е дека нивната цел е западниот балкан да се доведе поблиску до единствениот пазар на ЕУ, да се забрзаат фундаменталните реформи и да се зголемат финансиите.

Инаку, ова е шести самиот од ваков тип кој го организира ЕБОР. Првиот собир на премиери од земјите од опкружувањето оваа меѓународна финансиска институција ја организираше пред точно десет години. Досега Европската банка за обнова и развој во регионов има поддржано инвестиции кои надминуваат 18 милијарди евра.