Џафери ја прекина седницата по жестоката расправа со Мицевски
До полноќ требаше парламентарното мнозинство да одлучи за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер на Собранието, а сега пратеник Трајко Вељаноски. Седницата започна со задоцнување во 21.30, а уште на стартот од седницата од опозициската ВМРО--ДПМНЕ порачаа – очигледно е дека одлуката за одземање на мандатот на Вељаноски е донесена на друго место.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски по жестоката дебата со спикерот Џафери упорно негодуваше и бараше пауза која претходно му била ускратена, по што собранискиот спикер му го исклучи микфоронот, а потоа и ја прекина седницата.
„Ако не сакате опозиција, сите да не викнете и да не не спречувате да зборуваме.“ му се обрати Мицевски на Мухамед Зекири.
Џафери не кажа кога седницата би продолжила, иако гласањето требаше да се изврши до полноќ. Претходно седницата беше прекината на еден час поради пауза побарана од Елизабета Канческа Милеска, па наместо да продолжи со гласање, Џафери одлучи да ја прекине. На собраниската седница не се појави Вељаноски, за кого спикерот Џафери рече дека бил оправдано отсутен.