Џафери го викна Заев да го информира за поставеното прашање за доверба на Влада

Претседателот на Собранието и официјално го викна претседателот на владата Зоран Заев, лично да го информира за поставеното прашање за доверба на влада и понатамошните деловнички чекори, а неофицијално на консултации со пратениците.

Средбите на Заев со Џафери и Ахмети следуваат по денешното барање за гласање доверба на Владата поднесено со потписи од 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата за доверба на Владата во четврток во 11 часот.