Двојно убиство во скопско Стајковци
Извршил двојно убиство, па сакал да си пресуди сам. Попладнево во скопско Стајковци, 67 годишен маж Љ.К ја убил 57-годишната С.К. Освен телото на жената, полицијата го пронашла повреден и 64-годишниот В.К., девер на починатата.
Убиената жена била пронајдена на тераса, а на скалите во домот бил пронајден деверот и двајцата биле со повреди на главата. Жената починала на самото место додека повредениот маж кој бил брат на осомничениот за убиството бил пренесен во Комплекс клиники Мајка Тереза каде им полегнал на повредите. Полицијата, осмоничениот за убиството го пронашла со убодни рани.
- Во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со повреди на главата биле пронајдени В.К.(64) и неговата снаа С.К.(57). Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај С.К., додека В.К. со повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што во 14.00 часот починал. Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје со убодни рани го пронашле и Љ.К.(67), брат на В.К. за кој постои сомнение дека е сторител на убиството. Исто така, е пренесен во медицинска установа за укажување помош. - соопштија од МВР.
Од јавното обвиниетлство пак велат дека обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. А телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција.
- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат.Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција. - соопштијаод ОЈО.
Соседите велат дека било мирно семејство и ништо не укажувало на тоа дека може ваква трагедија да се случи, сепак објаснуваат дека на убиството му претходела расправија.
Љ.К. е во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ Скопје од каде потврдуваат дека е хоспитализиран пациент на околу 70 години со исеченици и површни повреди во предлот на левата страна на градниот кош и на главата.Кои биле причините за двојното убиство се уште не е познато. Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

