Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Двојно убиство и самоубиство се случило во Прилеп. Според неофицијални информации, драмата се одвивала за време на семејна веселба.

Три лица се мртви, меѓу кои и малолетно дете. Убиецот, кој е вујко на убиениот возрасен човек се самоубил по настанот, а дека планира да направи нешто објавил и на Фејсбук.

Настанот започнал околу 15 часот, а припадници на специјалните единици пристигнале на местото на настанот околу полноќ. Полицијата пробала да влезе во просторот каде се држени заложниците, но напаѓачот бил тешко наоружан, пукал кон полицијата и држел бомба.