Двоецот Виткоф–Кушнер патува во Москва – средба со Путин

Додека светот е фокусиран на Гренланд, во позадина, зад затворени врати, продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина.. Давос, домаќин на претставници на Трамп и Путин, кои неколку часа ги договарале деталите на мировниот договор...И Москва и Вашингтон тврдат дека разговорите биле позитивни и конструктивни, но без големо поместување во позициите...Американска делегација заминува за Русија каде вечерва со Владимир Путин треба да ги прецизираат деталите од планот кој содржи 20 точки, а кој, според специјален пратеник на Трамп , Стив Виктоф - повеќе од 90 проценти веќе е усогласен..

 

Стив Виткоф – специјален пратеник на претседателот на САД

„ Јас и Џерад заминуваме во москва на преговори...не знам дали крајот на војната ќе дојде во следните неколку недели, но сигурен сум дека во исминатиот месец и половина, направивме повеќе отколку во последните 4 години...Не знам дали Путине подготвен за мир, но Русија не повика на средба..Русија не покани и мислам дека тоа многу покажува..“

Шефот на руската дипломатија тврди дека иако во јавноста не се зборува за можниот мировен договор, разговорите меѓу САД и Русија во ниту еден момент не биле во прекин...Според Сергеј Лавров, Русија е отворена за преговори, но не прифаќа прекин на огнот пред да биде постигнат конечен мировен договор ..

Сергеј Лавров – Министер за надворешни работи на Русија

Претседателот Путин постојано, вклучително и во последните две недели за време на разни настани, ја потврдуваше нашата позиција за отвореност кон преговорите за Украина, доколку овие преговори се сериозни и доколку луѓето заинтересирани за такви преговори се навистина подготвени за нив и имаат што да кажат. “

Генералниот секретар на НАТО пак ги потсети сојузниците дека не смета да дозволат тензиите околу Гренланд да ги одвратат од потребата да ја бранат Украина..

Марк Руте – Генерален секретар на НАТО

„Фокусот на Украина треба да биде приоритет број еден, таа е клучна за европската и американската безбедност. Навистина сум загрижен дека ги губиме од вид и дека, во меѓувреме, Украинците нема да имаат доволно средства за да се бранат.“

А според Фајненшл Тајмс, обидот на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд и неговата предложена иницијатива за Газа, ги попречила плановите за усвојување на пакетот економска помош за Украина ..Повикувајќи се на извори од Европската Унија, весникот тврди дека објавувањето на планот за просперитет вреден 800 милијарди долари за кој Украина, Европа и САД требаше да се договорат на Светскиот економски форум во Давос оваа недела е одложено ..Според медиумот, во моментов, во Европа никој не е расположен да склучи договор со Американскиот претседател...