Дводневна конференција во Скопје на европските и македонските либерали за проширувањето на ЕУ

Европската иднина на Западен Балкан е неопходна, а не алтернатива-посочија  европратениците, експертите од регионот и Европската Унија, кои беа дел од панел дискусијата на годишната регионална конференција на либералите „Quo vadis Europa 2025?“, која вчера и денес се одржа во Скопје, во организација на Либерално-демократската партија во соработка со Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) и Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (LIBSEEN).

Според Моника Зајкова, претседателката на ЛДП иако Македонија веќе донесе тешки одлуки во име на европската иднина, а нејзиниот европски пат останува неизвесен и одложуван.

Моника Зајкова-пратеничка и претседателка на ЛДП и претседателка на LIBSEEN 

„Говоревме за она што непосредно се говореше и на АЛДЕ а тоа е можноста за воведување на квалифицирано мнозинство за одлучување во рамки на ЕУ. Конгресот на АЛДЕ отвори многу важни теми, како Европа да ја направиме повторно глобална супер сила и како да не се дозволува понатаму одлуката на една држава да влијае на одлуката на 26 држави-членки.“     

Европратеничката и претседателка на АЛДЕ, Свенија Хан посочи дека време е проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан да се заврши бидејќи Западен Балкан е есенцијален дел од ЕУ.

Свенија Хан-европратеничка и претседателка на АЛДЕ

„Либералните партии и во Северна Македонија и во Европа се тие партии кои се борат за проширување на ЕУ, како и внесување на Северна Македонија во семејството на ЕУ. Во оваа агенда како либерални партии во европскиот парламент, а и со еврокомесарката за проширување Марта Кос го водиме овој процес.“

Се отворија и прашањата за реформите во ЕУ, динамиката на проширувањето и улогата на Западниот Балкан во новиот европски поредок, со заклучок дека проширувањето мора да се третира како стратешка нужност, а не како бирократски процес што се одложува.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши посочи дека европската перспектива е стратешка определба на државата. 

На конференцијата се потенцираше потребата од обновен европски ангажман, политичка волја и поддршка за европската перспектива на Македонија и регионот.