Дводневен осми граѓански форум за Западен Балкан

Денеска во Скопје се одржа првиот дел дел од дводневниот Осми граѓански форум за западен балкан,на кој високи претставници на ЕУ и земјите на ЕУ дискутираа како да се подобри процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како и за начините за пост-ковид закрепнувањето на економски и инвестициски план. 

Македонија ги исполни сите услови за почнувањее преговори со ЕУ порачаа европските пшретставнцо. еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, вели дека проширување на Унијата е инвестиција во мирот и стабилноста, а вели нема сомнение дека Западен Балкан е целосно посветен да стане дел од ЕУ и поради тоа се преземаат напори тоа и да се случи.  Претседателката на европскиот економски и социјален комитет, Криста Швенг, истакна дека за нејзиниот комитет Западен Балкан е регион од геостратешко значење, кој треба да биде дел од унијата. 

Гаспер Довжен, државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Словенија нагласи дека логичен чекор за ЕУ е процесот на проширување и дека Македонија ја гледаат  како еден од партнерите кој го поддржуваат во спроведвањето на неопходните реформи важни за доближување до прцесот на проширување на Унијата. 

Граѓанскиот форум во Скопје ќе продолжи и утре, а меѓу темите за коишто ќе се разговара ќе бидат и придонесот на организациите од граѓанското општество за зелената агенда и одржливиот развој на Западен Балкан како дел од пристапниот процес во ЕУ.