„Движењето за чист воздух“ бара точни информации и одговорност од институциите за загадениот воздух
Foto

„Движењето за чист воздух“ бара точни информации и одговорност од институциите за загадениот воздух

„Почитувани граѓани оние инструменти кои што работат повторно измерија потсетувам тие што работат и мерат многу висока концентрација на загаденост во главниот град.“ - изјави Јани Макрадули – пратеник на СДСМ во Собранието.

„Креирајќи политика со Али експрес сензори може само да настане паника помеѓу граѓаните и затоа укажувам дека сите држави политиката ја мерат на кредибилни информации од кредибилни сензори кои што ќе се сложите чинат пари, а не некој кој што сака да направи бизнис па тука уфрлува паника.“ - зборуваше Макрадули како заменик министер за животна средина.

Каков воздух дишеме, кој не труе и дали мерењата се точни се чини зависи дали сте во опозиција или пак на власт. Откако вториот човек за животна средина податоците од загадувањето од мерните инструменти на граѓанските здруженија ги нарече нереални, еко активистите со остра критика до Макрадули. Му порачаа прво да ги поправи државните мерни станици и конечно да ги лоцира главните загадувачи, па да изјавува дека загадувањето било помалку алармантно.

„Сметаме дека министерството, еве оваа гарнитура која е три години на власт не донесе нови мерни станици, дел и не ги поправаат. И сега може да се пофалат дека загадувањето во Лисиче е нула, бидејќи мерните станици не работат.“ - вели  Марјан Ненов – Движење за чист воздух.

Мерните инструменти на еко активситите и денеска покажуваа енормна загаденост во Битола Гостивар и Тетово. Од движењето за чист воздух тврдат дека мерењата се валидни, а додаваат дека загадениот воздух и без мерни инструменти граѓаните го чувствуваат на сопственото здравје.

„Загадувањето е бизнис. Некој профитира. За поефтино гориво профитира, за бизнис профитира и токму кога ќе сакате да го прекинете тој бизнис нормално дека ќе има кочници во тоа и нема да се реши загадувањето.“ - изјави Ненов.

Инаку дел од мерните станици во општините две години не работат и не се уште не се поправени. Во меѓувреме пак Македонија и на почетокот од годинава повторно се најде високо на листата на најзагедни држави во Европа и светот.

0 Коментари

Остави коментари